Оставете мирисен потпис: 6 места на телото на кои парфемот ќе ви се задржи подолго

Бидете забележани

Оставете луксузен и женствен печат во секое време, каде и да се појавите

Кога нанесуваме парфем, сакаме тој да трае во текот на целиот ден. Но дали знаете дека ако го ставите парфемот на вистинското место, тој ќе остави поинтензивен белег и подолго ќе трае? Можеби сте слушнале дека секогаш треба да нанесувате парфем на зглобовите, но постојат и други важни точки на телото…

Косата

Верувале или не, производителите на парфеми тврдат дека мирисите траат многу подолго на косата отколку на кожата. Но мора да бидете претпазливи, бидејќи парфемите содржат алкохол кој може да ѝ наштети на косата. Затоа најдобро е парфемот да го испрскате на четка за коса, а потоа да ја исчешлате косата. Додека ја четкате косата, мирисот суптилно ќе се апсорбира без да ја исуши косата.

Пределот зад ушите

Како и зглобовите, така и пределот зад ушите е клучна зона за долготраен мирис. Тука кожата е тенка и условите се идеални за комплетно впивање на парфемската формула.

Задниот дел на вратот

Можеби изгледа малку чудно, но експертите за парфеми тврдат дека ова е вистинското место за нанесување парфем. Прво, мирисот подолго време ќе се задржи на вашето тело. Второ, нема да им пречи на другите, бидејќи ќе се ослободува постепено и дискретно.

Внатрешниот свиок на лакотот

Експертите велат дека ова место е уште подобро за нанесување парфем од зглобовите. Навлажнете ја кожата претходно и миризливата магија уште повеќе ќе дојде до израз.

Задниот дел на коленото

На ова место мирисот не се чувствува веднаш туку по некое време. А тоа ќе ви помогне да оставите незаборавна трага што трае.

Секако, многу е важно и каков парфем користите. Не можете да погрешите со VERSACE CRYSTAL NOIR EDP. Овој мирис претставува чиста фузија на модерни контрасти и остава луксузен и женствен печат.

Парфемот, кој од лансирањето беше предодреден да стане класика, има  деликатен мирис, инспириран од високата мода и како таков е ултимативен додаток на високата мода.

Crystal Noir EDP е магичен, сензуален и постојан мирис со свежата, светла и кремаста гарденија во центарот на композицијата, додека базните ноти на килибар и мошус го прават мирисот темен и мистериозен, но и нежен и деликатен истовремено.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.