Што кажуваат жолтите нокти за вашето здравје и како да го решите овој проблем!

Промената на бојата на ноктите може да биде краткотрајна и целосно безопасна. Но, ако жолтата боја на ноктите постои подолго време, тоа може да биде знак за посериозен проблем.

Вашите нокти можат да ви кажат многу за целокупното здравје. Кога ќе пожолтат, тоа обично значи дека сте се заразиле со габична инфекција. Покрај тоа, пожолтување на ноктите се јавува и по употреба на лак, а може да биде и резултат на алергиска реакција. Меѓутоа, понекогаш жолтата промена на бојата на ноктите е последица од многу посериозни состојби како што се: дијабетес, лимфна опструкција, па дури и ревматоиден артритис.

Зошто вашите нокти се жолти?

Ако вашите нокти пожолтеле по употреба на боја за коса или некои хемикалии, тоа може лесно да се реши. Но, ако тоа не е така, а вашите нокти се жолти подолго време, може да има нешто друго што се случува во вашето тело за кое немате поим. Понекогаш жолтите нокти може да бидат показател за нешто посериозно.

Недостатокот на витамини или минерали може да предизвика ноктите да изгледаат жолти. Во овој случај, промената на навиките во исхраната и суплементите лесно може да го компензира недостатокот на важни елементи. Во некои случаи, ноктите кои остануваат жолти и покрај додатоците и различните третмани може да укажуваат на дијабетес, псоријаза или нарушување на тироидната жлезда.

Како да се ослободите од жолтите нокти?

Третманот за жолти нокти ќе зависи од причината. Доколку се работи за габична инфекција на ноктите или употреба на некои производи кои предизвикале промена на бојата на ноктите, ќе ви помогнат следните производи:

Масло од чајно дрво

Ако вашите нокти се обезбојуваат поради габа, маслото од чајно дрво е брз лек. Измешајте една или две капки масло од чајно дрво со маслиново, кокосово или масло од јојоба и нанесете ја смесата на погодениот нокт. Студијата покажа дека маслото од чајно дрво може ефикасно да го запре растот на вообичаените видови на габички за нокти. Инаку, габичните инфекции се честа појава кај луѓето кои боледуваат од дијабетес.

Сода

Габите можат да растат само во кисела средина. Потопувањето на ноктите во топла вода со сода бикарбона може да спречи ширење на габата. Сода бикарбона создава алкална средина и по само неколку третмани можете целосно да се ослободите од габите.

Водород

Ако вашите нокти се жолти поради користење на лак или ја промениле бојата по контакт со други производи, повикајте го водородот за помош. Тој е одличен отстранувач на дамки и избелувач на ноктите. Измешајте малку водород и топла вода, а потоа натопете ги ноктите. Ефектот ќе биде уште подобар ако додадете малку сода бикарбона.

Витамин Е

Познато е дека витаминот Е им помага на клетките да ја задржат влагата и да изгледаат поздраво. Вашата кожа, коса и нокти ќе изгледаат многу поздраво ако внесувате доволно витамин Е. Витаминот Е, исто така, е клинички проучуван како успешен третман за синдромот на жолти нокти, состојба која предизвикува ноктите да се обезбојуваат, нерамни и задебелени. Бидејќи витаминот Е го стимулира здравиот раст на ноктите, може да се примени локално или да се зема орално за да им помогне на вашите нокти да растат брзо.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.