Руски доктор смета дека оваа вежба е мајката на сите вежби: Ако сакате здраво срце, секој ден правете го ОВА!

Тврдење на руски доктор

Докторот Сергеј Бубновски смета дека клекнувањата се измислени за да го зајакнат срцето

Да се биде болен е енергетски и финансиски непрофитабилно, смета доктор Бубновски бидејќи според него, болниот човек не работи за себе, туку за аптеките.

Оној што одлучил да не вежба како да одлучил да остаре на 45 години и да се пензионира. Телото старее ако не се одржува, но не поради годините.

„Срцето е голема пумпа што испраќа крв во нозете (голема циркулација) и во мозокот (мала циркулација). Тогаш почнува венскиот проток, бидејќи крвта се покренува и од нозете се враќа во срцето. Вените помагаат крвта да се врати во срцето, а брзината на враќањето на крвта во срцето зависи од состојбата на мускулите на нозете.

Поради тоа, мускулите на нозете мора да бидат во добра форма за да може срцето добро да работи.

Меѓутоа, многумина од нас половината од денот ја поминуваат во седечка положба што ја отежнува работата на срцето и така се создаваат услови за развој на болести. Најчестиот проблем, дури и кај помладите луѓе, е недостигот од кислород во крвта, предизвикан од недоволна физичка активност“, смета доктор Бубновски.

Клекнувањата како мајка на сите вежби

„Слаби нозе значат слабо срце. Поради тоа, препорачливо е да се прави едноставна вежба секој ден: клекнувања. Клекнувањата ги одржуваат мускулите на нозете и крвните садови во перфектна форма што придонесува за побрз проток на крвта до срцето“, советува докторот.

Многу е важно при изведувањето на клекнувањата да издишете и да кажете долго „хааааа“. Со тоа издишување, сета негативна енергија би требало да излезе од вашето тело.

Физички здрав човек би требало да прави три серии по 10 клекнувања првите денови. Кога станува збор за клекнувањата, не смеете да претерате. Не брзајте. Правете ја вежбата постепено и полека и не форсирајте го вашето тело да прави премногу клекнувања првите денови.

Клекнувањата може да ги изведувате во три серии во текот на денот, односно три пати дневно по десет клекнувања. Постепено зголемувајте го бројот на клекнувања кога ќе почувствувате дека вашето тело може да го издржи тоа.

За оние кои многу седат во текот на денот, клекнувањата се неопходни. Оваа вежба може да го замени пешачењето, пливањето, трчањето, планинарењето…

Кога ќе завршите со клекнувањата, обидете се да ги ставите нозете во ладна вода во временски интервал од 5 до 10 секунди, а потоа истријте ги со груб и сув пешкир.

Не заборавајте да ги намачкате нозете со крем, млеко за тело или масло, бидејќи по вежбање кожата најдобро ги впива сите придобивки на кремовите за тело.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

siep qzscir ltalhly bbcz gmvasc ednejja pfgxedc cyhvdc