Невидлива гимнастика што трае само 6 минути: Телото се враќа во форма без заморување, потење и оптоварување!

Фитнес-совети

Воената гимнастика на доктор Воробјов е токму она што ни треба деновиве по празниците

Сега кога поминаа празниците, сите сме свесни дека мора да се стопат вишокот килограми. Оние што јаделе многу, сега мора многу да вежбаат. Но не е добро ни за душата ни за телото да се почне интензивно и нагло. Па затоа, невидливата гимнастика на доктор Воробјов е совршена за сите возрасни групи.

За што станува збор? Доктор Воробјов смислил војничка гимнастика која трае само шест минути. Оваа наградувана невидлива гимнастика се изведува кратко, а ефектите се фантастични.

Трикот е во тоа што истите шестминутни вежби треба да се повторуваат на секој еден час.

Невидливата гимнастика која трае 6 минути содржи 8 вежби, кои можете да ги изведувате додека гледате телевизија, седите на компјутер или читате.

Еве како изгледа еден мини-тренинг:

1. Подигнување на петите – додека седите, подигнувајте ги стапалата на прсти. Ова е одлична вежба за листовите. Направете 40 повторувања.

2. Подигнување на прстите – петите се прицврстени за подот. 40 пати подигнете го преостанатиот дел од стапалата нагоре.

3. Стегнување на задникот – 50 пати стегнете ги мускулите на глутеусот.

4. Стегнување на стомакот – вдишувајте преку нос, издишувајте преку уста и додека издишувате, вовлечете го стомакот. Повторете 20 пати.

5. Грбни мускули – раширете ги рамениците, исправете го грбот и повлечете ги рамениците наназад, а лопатките приближете ги една кон друга. Повторете го тоа 20 пати.

6. Стегнувајте и отпуштајте тупаница – повторете го ова 50 пати, ова е вежба за речиси целата рака.

7. Вртете ја главата на страна – многу полека и внимателно, вртете ја главата надесно и налево наизменично, така што положбата ќе образува агол од 90 степени. Повторете го ова 20 пати и вратот ќе ви биде благодарен.

8. Вежбајте ја брадата – турнете ја брадата и долната вилица нанапред, така што долната усна ќе премине преку горната. Со оваа вежба можете да се ослободите од подбрадокот.

Сите придобивки на невидливата гимнастика:
  • ги активира сите мускулни групи
  • ја подобрува работата на внатрешните органи
  • ја стимулира циркулацијата
  • ја подобрува работата на лимфата
  • го забрзува метаболизмот
  • го поттикнува согорувањето масти

По три недели секојдневно изведување на вежбите, оваа гимнастика ќе ви премине во навика и секој ден ќе се чувствувате, а и ќе изгледате, многу подобро!

Согорува дупло повеќе калории од кој било тренинг: Со овие вежби ќе излезете од изолација 5 килограми полесни! (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.