Согорува дупло повеќе калории од кој било тренинг: Со овие вежби ќе излезете од изолација 5 килограми полесни! (ВИДЕО)

Ефикасно

Инструкторите креирале совршена програма за симнување килограми

Фитнес-инструкторите креирале тренинг кој е забавен и истовремено согорува неверојатно многу калории. За само 15 дена редовно вежбање, ќе изгубите и до 5 килограми.

Целата програма се базира на кардио-вежби во комбинација со танцови движења. Принципот е едноставен: пуштете ја омилената музика, следете го ритамот и килограмите ќе се топат.

Дури и оние што не сакаат да одат во вежбалница, не ги пропуштаат тренинзите по зумба. Овој вид вежбање согорува далеку повеќе калории од која било друга физичка активност.

Истражувањето покажало дека просечно, еден човек може да согори околу 9,5 калории во минута. Секако дека на тој број ќе влијае и интензитетот со кој тренирате.

Од дополнителна опрема не ви треба ништо, само добра волја и малку простор. Зумбата е идеална за овој период кога не излегуваме од дома толку често.

Во видеото погледнете го целиот тренинг…

Вежбајте како Викторија Бекам (ВИДЕО)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.