Конечно излегла од вреќестите партали: Памела се појавила нашминкана, во тоалета, прекрасна како божица!

Прво појавување на Памела Андерсон на Мет Гала

Актерката се појавила на црвениот килим со пердуви во косата, позирала пред фотографите и јасно било дека се чувствува пријатно во своја кожа

На почетокот на 1990-тите, Памела Андерсон стана секс-симбол и гордо ја носеше оваа титула неколку децении, додека конечно призна дека ѝ досадило постојаното внимание.

Откако наполни 50 години, драматично го смени стилот, ги отстрани силиконските импланти од своите гради (заменувајќи ги со помали) и почна да промовира природно стареење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pamela Anderson (@pamelaanderson)


Истовремено, Памела не престана да се грижи за себе, носејќи мини-здолништа и повремено шокирајќи ја јавноста. Таа едноставно почна да им докажува на жените дека стравот од брчи и претераниот интерес за пластична хирургија можат само да доведат до влошување на комплексите.

Така, Андерсон се појавила на Мет Гала 2024 во најприродно издание, но првпат по подолго време, сепак, се сетила да се нашминка.

Инаку, овој Мет Гала настан претставува деби за 56-годишната ѕвезда. Актерката се одлучила за беж фустан со длабоко деколте и нуд шминка. Можно е ѕвездата сама да се шминкала за црвениот килим. Во 2019 година Памела изјави дека нејзината долгогодишна шминкерка Алекис Вогел починала од рак на дојка и дека оттогаш не сакала да соработува со никој друг.

Но Памела Андерсон создала комплексен стајлинг: оставила неколку големи кадрици во пределот на лицето, а во кокот забила пердуви кои потсетуваат на класови исушени на сонце. Се чини дека така актерката одлучила да го испочитува кодексот на облекување, кој оваа година гласи „Градина на времето“.

И покрај фактот што Памела првпат се појавила на Мет Гала, се чувствувала многу природно на „модните оскари“. Ѕвездата многу се смеела, им позирала на фотографите и видно уживала во вниманието што го добила.

Во минатото, Андерсон исто така повеќепати се има жртвувано за модата, но веќе неколку години можеме да ја видиме само во крајно опуштени и лежерни изданија, па ова беше вистинско освежување!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.