Која е Индијката што го украде сето внимание на црвениот килим? Ги засени и најголемите диви, а еве со што се занимава!

Која е Мона Пател?

Мона Пател е Индијката што ги засени сите на црвениот килим

Среде сиот сјај и гламур, индиската модна претприемачка Мона Пател беше таа што го украде шоуто со својот фустан со „механички пеперутки“, креација на Ло Роуч.

Меѓу оние од А-листата што измамија воздишки со својот неверојатен изглед и импресивни креации на црвениот килим беа Зендаја, Џенифер Лопез, Џиџи Хадид, Минди Калинг и Сара Џесика Паркер.

Но и покрај тоа што ова беше нејзиното големо деби на овој моден настан, Мона Пател успеа да ги привлече сите погледи кон себе, величествено носејќи го „голиот“ фустан со корсет во форма на пеперутка, изработка на Ирис Ван Херпен, кој совршено се вклопува во темата „Градина на времето“.

Која е Мона Пател?

По потекло од Вадодаре во Гуџарат, Пател се преселила во САД кога била млада за да стекне високо образование на Универзитетот Рутгерс, а животот им го посветила на своите претприемачки подвици.

Сега, со постојано живеалиште во САД, Пател има изградено милионска империја, која опфаќа повеќе бизниси и во чие срце лежи нејзината идеја Couture For Cause, непрофитна организација, каде што ја спојува својата страст за модата со филантропијата.

„Сакав мојот дебитантски изглед да биде нешто што го слави моето потекло и што ја комбинира мојата љубов кон модата, а кога слушнав за темата, Ирис Ван Херпен се чинеше како очигледниот избор“, рекла Пател за „Вог Индија“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.