Најубаво облечените ѕвезди на Мет Гала 2024: Заспаните убавици блеснале, а фустанот на Пенелопе Круз освојува на прв поглед!

Која ви се допаѓа најмногу?

Ова се ѕвездите кои блескале од елеганција и префинетост на црвениот килим во музејот Метрополитен во Њујорк

Долго очекуваната Мет Гала конечно се случи!

Секој прв понеделник во мај имаме можност да присуствуваме на модниот Супербол и да уживаме во екстраваганцијата на креациите што маѓепсуваат. Годинешната тема на Мет Гала беше „Заспани убавици: Повторно будење на модата“ (Sleeping Beauties: Reawakening Fashion), а официјалниот кодекс на облекување гласеше „Градина на времето“ (Garden of Time), инспириран од кратката приказна со истиот наслов на Џ. Г. Балард, напишана во 1962 година.

Оваа година домаќини беа: како и секогаш, главната и одговорна уредничка на „Вог“ Ана Винтур, пејачката и актерка Џенифер Лопез, актерката Зендаја, актерот Крис Хемсворт и раперот Бед Бани.

Во продолжение погледнете ги најубавите изданија од годинешната Мет Гала во Њујорк – ова се ѕвездите кои несомнено ги исполнија сите критериуми за да ја понесат оваа титула…

Пенелопе Круз во фустан на „Шанел“

Кендал Џенер во винтиџ фустан на „Живанши“

Ајо Едебири во фустан на „Луев“

Ема Чемберлејн во креација на „Жан Пол Готје“

Џенифер Лопез во фустан на „Скјапарели“

Зендаја во фустан на Џон Галијано за „Мејсон Маржела“

Тајла во фустан на „Балма“

Сара Џесика Паркер во фустан на Ричард Квин

Џиџи Хадид во кеација на Том Браун

Ел Фенинг во фустан на „Балма“

Аријана Гранде во фустан на „Луев“

Тејлор Расел во креација на „Луев“

Никол Кидман во фустан на „Баленсијага“

Лана Дел Реј во фустан на Александер Меквин

Елизабет Дебицки во фустан на „Диор“

Наоми Кембел во фустан на „Барбери“

Изабел Хуперт во фустан на „Баленсијага“

Ким Кардашијан во креација на Џон Галијано за „Мејсон Маржела“

Карди Би во креација на „Виндоузен“

Кајли Џенер во фустан на Оскар Де Ла Рента

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе