Неодоливо сочен чоколаден колач без шеќер и брашно: Сите ќе ви бараат рецепт!

Многу е вкусен!

Доколку сакате чоколадо, рецептот за десертот што ви го претставуваме, сигурно ќе ви стане еден од омилените

Рецептот за овој сочен колач без шеќер и брашно потекнува од Јужна Америка. Потребни ви се само 6 намирници и малку време, а вкусот ќе ве воодушеви!

Состојки:
  • 4 јајца
  • 2 портокали
  • 200 г мелени ореви, бадеми, лешници или кокос
  • половина лажичка сода бикарбона

За филот:

  • 100 гр темно чоколадо
  • 200 мл неутрална павлака за готвење
Приготвување:

Портокалите потопете ги во раствор од сода бикарбона и оставете ги да отстојат половина час.

Потоа, гответе ги околу 30 минути, додека омекнат. Измелете ги добро во блендер, додајте ги јајцата, мелените оревите, и малку сода бикарбона.

Печете на 200 степени околу 20 минути.

На рингла, згответе ја малку неутралната павлака, па додајте ѝ го чоколадото и мешајте додека се растопи. Прелејте го готовиот и изладен колач. Изладете добро во фрижидер, а потоа послужете.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

tnkxg wtwcmab kkwtgk