Торта „градски мачор“ без шлаг и пудинг: Освојува на прво залаче!

Старински рецепт

Ако сакате да приготвите оригинална старинска торта, испробајте го овој рецепт

За тортата „Градски мачор“ треба да се испечат три кори, а еве кои се сите потребни состојки.

Состојки:

За кората:

  • 4 белки
  • 4 лажици шеќер
  • 3 лажици ореви
  • 3 лажици брашно

За филот:

  • 12 жолчки
  • 750 мл млеко
  • 150 г шеќер
  • 4 лажици брашно
  • 3 лажици густин
  • 250 г путер
  • 100 г чоколадо за готвење
  • 100 г ореви
Приготвување:

Пенесто изматете ги белките и шеќерот. Додајте мелени ореви и брашно, па испечете кора и повторете ја целата постапка уште двапати.

Пригответе го филот така што во млекото ќе сварите жолчки со шеќер, брашно и густин. Кога ќе се свари филот, ставете путер во него. Поделете го филот на три дела. Едниот оставете го таков каков што е, во вториот додајте чоколадо, а во третиот ореви.

Филувајте ги корите и уживајте!

Рецепт за наједноставната бисквит торта со грчки јогурт: Идеална за топлите месеци
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.