Требаше да поминат години за да му се одмазди на бившиот поради кој заврши во лудница: Сега нема повлијателна жена од неа!

Селена Гомез блеснала во Кан

Селена Гомез се појавила во Кан во најдоброто издание досега и покажала дека по дождот секогаш доаѓа сонце

Познатата пејачка Селена Гомез се појавила на 77. Кански фестивал во елегантно издание и ја воодушевила јавноста со својот изглед. Се чини дека на Селена конечно ѝ тргнало во животот по низата бродоломи што ги доживеала.

Додека нејзиниот поранешен партнер Џастин Бибер чека бебе, таа блеска најсилно досега. Покрај тоа што ја средила својата психичка состојба, која нагло се влошила по раскинувањето со Џастин, Селена сега важи и за една од највлијателните жени.

Имено, Селена Гомез има 430 милиони следбеници на Инстаграм, што ја прави една од највлијателните жени на социјалните мрежи. Еден период се бореше со Кајли Џенер за титулата „најследена жена на Инстаграм“, но податоците сега покажуваат дека Селена и тоа како е во водство.

Инаку, Селена денес ужива во љубовта со текстописецот и продуцентот Бени Бланко, од кого не се разделува, а се шпекулира и дека планираат да основаат семејство.

По низата лоши случувања што ги доживеа, Селена е доказ дека по дождот секогаш доаѓа сонце.

Селена Гомез открива интересни детали за врската со Бени Бланко: Дел од фановите не ја поддржуваат…
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе