Како да ја комбинирате белата боја оваа пролет? 5 врвни совети за комбинации што изгледаат моќно и скапо

Белата боја секогаш нема добра репутација, па често може да се слушне дека придонесува да изгледаме подебело, дека не е за секој тон на кожа, треба да ја носат само млади и слично. Меѓутоа, кога времето е убаво, сите овие заблуди паѓаат во вода, бидејќи белата е совршена боја за топлите сончеви денови.

Затоа, доколку ја сакате белата боја, но не сте сигурно како правилно да ја стилизирате, избравме неколку правила кои ќе ви помогнат белите парчиња облека да ви изгледаат како милион долари!

Слоевитоста секогаш е важна

Секако, секогаш можете да се одлучите за класичен бел фустан и да му додадете интересни модни додатоци, но клучот е да додадете слоеви за дополнителна димензија.

Белата боја во слоеви секогаш изгледа побогато. Најдобар пример за ова е комбинирање фустани и јакни. Меѓутоа, при додавање слоеви, важно е да се обрне внимание на должината и силуетата.

Секогаш избирајте парчиња што им одговараат на вашите пропорции на телото. Не избирајте премногу широк фустан и јакна, бидејќи ќе ви се скрати фигурата.

Детали во златна и беж боја

Ако преферирате едноставност и префинетост, одлучете се за додатоци во беж и златна боја. Така ќе останете во тонот на белото, но нема да биде „премногу“.

Контрастот не боли

Без разлика дали се работи за популарниот леопард-принт или едноставно за додаток во светла боја, како јакна, секогаш можете да си играте со комбинациите.

Можете да изберете која било пролетна боја како црвена, жолта, розова или која било друга. Големата предност на целосно белата комбинација е токму тоа што одлично оди со сите други бои во спектарот.

Комбинирање нијанси

Ретко ќе можете да најдете различни парчиња во потполно иста нијанса, но доколку сакате да бидете целосно координирани, одлучете се за модна комбинација која е комплет сама по себе и со тоа белите бои се еднакви.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе