Добриот изглед пред сѐ: Меланија Трамп и домашните обврски ги извршува тип-топ средена!

Се грижи за изгледот

Добриот стајлинг секогаш е на прво место, ако ја прашувате Меланија Трамп

Во Белата куќа бил прославен Денот на планетата Земја со работна акција, а она што на сите им паднало в очи е стајлингот во кој се појавила првата дама.

Меланија не се откажува од добриот стил, дури ни кога станува збор за копање во двор, па така и за оваа пригода одбрала фустан и високи потпетици. Изгледа дека нема многу работи што би ја натерале наместо вртоглави потпетици да одбере рамни обувки.

https://www.instagram.com/p/B_W4pXZHCdL/

Љубовта кон добро искомбинираната гардероба е посилна од сѐ. Таа не се плаши да ги засука ракавите, но и градинарските обврски ги извршува тип-топ средена.

https://www.instagram.com/p/B_WgdlwF0uS/

Таа за оваа пригода одбрала маслинесто зелен кошула-фустан, кој ја нагласил нејзината вита половина, а салонките во сличен тон визуелно ги издолжиле нејзините нозе.

Фризурата и шминката и овој пат биле беспрекорни.

Врвна елеганција: Незаборавно велигденско издание на Меланија Трамп!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.