Меланија Трамп покажала како може да се изгледа интересно во здодевен дезен: Ова е клучното правило за носење вакво парче

Изгледа одлично!

Меланија Трамп се појавила во комбинезон со илузионистички ефект и покажала дека и „здодевниот“ пролетен дезен може да биде многу интересен

Поранешната прва дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, ретко можеме да ја видиме во јавност откако нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Доналд Трамп, изгуби на изборите во ноември 2020 година од кандидатот на Демократите, Џо Бајден.

Многу дизајнери и медиуми честопати ја одбегнуваат поради нејзиниот брак со Доналд, кој зборува за сè, без влакна на јазикот. Таа ретко имала можност да ја облекуваат познати дизајнери, така што се снаоѓала со купување одредени парчиња кои може да се најдат во бутик.

Таков е случајот и сега. За настанот по повод собирањето средства за кампањата на нејзиниот сопруг во Палм Бич, Меланија Трамп одбрала комбинезон во виолетова боја, што личел на фустанот од брендот „Валентино“.

Овој комбинезон изгледал женствено и бајковито на Меланија, иако овој дезен важи за здодевен во текот на пролетта. Комбинезонот имал подвиткани ракави со дезен од страните на двата ракава и појас што ѝ ја истакнал половината и витата става.

Меланија успеала да покаже дека и овој дезен може да изгледа многу убаво, доколку изгледот се надополни со средена фризура, маникир и совршен избор на модни додатоци.

Таа ја врзала својата коса во пунџа, додека две руси перчиња ѝ биле извадени напред, давајќи му ефектен баланс на нејзиното лице. Од модни додатоци се одлучила за оникс вечерни обетки во сребрена боја, како и за предимензиониран прстен на левата рака со дијаманти. За совршен изглед на ноктите одбрала гел-лак во суптилна бела боја.

„Здодевниот“ дезен, сепак, не е толку здодевен. Меланија ви порачува да направите баланс и да се покажете во најдобро светло, за изглед што вреди колку и нејзиниот комбинезон, кој чини речиси вртоглави 5000 евра, според сајтот „Фарфеч“.

Вака изгледа кога Меланија Трамп ќе облече 7500 евра на себе: Модна комбинација што го одзема здивот
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.