Вака изгледа кога Меланија Трамп ќе облече 7500 евра на себе: Модна комбинација што го одзема здивот

Хит-фустан што воодушевува

Меланија Трамп ги маѓепсала сите со својата појава во елегантна црно-бела комбинација

Поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп, во вторникот се појавила покрај својот сопруг, поранешниот претседател, Доналд Трамп, следејќи го на гласањето на денот на примарните гласови на Флорида.

Поранешната манекенка (53) одбрала бел фустан со крагна од брендот „Александер Меквин“, со голем дезен од левата страна во форма на црна орхидеја, кој чини речиси 2500 евра. Фустанот го искомбинирала со тесен, црн ремен, црни предимензионирани очила за сонце и црни салонки.

Својот стајлинг го надополнила со штепувана акт-чанта на „Шанел“, чии верзии чинат повеќе од 5000 евра.

Меланија Трамп го покажала својот истанчен вкус со оваа комбинација, повторно успеала да воодушеви со својата способност да искомбинира впечатлив дезен со минималистички парчиња. Може да се забележи дека таа сè уште изгледа младолико и префинето и дека воопшто се нема променето по долгиот период на отсуство.

Ова е првото појавување на Меланија Трамп по извесно време. Сопругата на поранешниот претседател и милијардер, не се појавила ни на победничката забава за Супер вторник (клучен момент за изборите, кој во голема мера го одредува претстојниот кандидат на изборите) во нивниот дом во Мар-а-Лаго на Флорида, поради што многумина се загрижиле за нивниот брак.

Меланија, исто така, отсуствувала и од семејната божиќна честитка што во декември ја објавила свршеничката на Доналд Трамп Јуниор, Кимберли Филфојл.

Се шпекулира дека не присуствувала поради болеста и смртта на нејзината мајка. Амалија Кнавс починала на 78-годишна возраст во јануари, а семејството Трамп присуствувало на нејзиниот погреб во Палм Бич на Флорида, вклучувајќи ги и Барон Трамп, Иванка Трамп, Тифани Трамп и нивниот сопрузи Џаред Кушнер и Мајкл Булос.

Се верува дека по ова појавување, поради претстојните избори за Белата куќа во ноември, Меланија почесто ќе се покажува во јавност, со нови комбинации што воодушевуваат.

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.