Нејзината убавина го одзема здивот! Вака изгледа најстарата сестра на Наташа Беквалац, се занимава со бизнис, а оваа позната пејачка и е ќерка (ФОТО/ВИДЕО)

Кој би рекол, ниту на крај памет...

Надалеку е познато дека Наташа Беквалац важи за една од најубавите дами од поп музиката на овие простори

Пејачката Наташа Беквалац уште од првото појавување во јавноста привлекува внимание и со песните и со својата убавина.

Наташа потекнува од многудетно семејство, а познато е дека има две сестри Кристина и Драгана.

Кристина често може да се види во друштво на својата популарна сестра, бидејќи е задолжена за заносните модни комбинации на Наташа. Сепак, нивната најстара сестра Драгана не сака јавно да се експонира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Bekvalac (@draganabekvalac72)

Драгана е горда сопственичка на синџир на козметички салони во Белград и Нови Сад, па не е изненадување што важи за исклучително негувана и убава жена. Мажена е за Михаил Шекуларац, со кој има две ќерки Сара и Теодора.

Помладата ќерка на Драгана, Сара, на пошироката јавност и е позната под уметничкото име Зои, а своевремено пеела со својата позната тетка, на нејзиниот концерт во белградска арена.

Фото: социјални мрежи
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.