Голема роденденска забава на „Conquering Lion“ во „Станица 26“: 17 години од нивното постоење ќе го прослават со концертен настап!

За сите љубители на квалитетната реге музика ова е совршена забава!

На 20-ти април (сабота) во ноќниот клуб „Станица 26“, 17 години од своето постоење ќе прослави познатиот даб/реге/кросовер бенд – „Conquering Lion“.

Роденденската забава всушност ќе биде концертен настап на момците од Тетово, а публиката ќе ја почестат со нивните најдобри музички парчиња создадени во изминатите 17 години. Влезниците се веќе пуштени во продажба, а истите ќе може да ги најдете на следниве локации: Во Скопје во Three Kitchen & Bar и Garson Bar, додека во Тетово тие ќе може да се набават во Grand Tobacco. Нивната цена ќе изнесува 400 денари во претпродажба и 500 денари на влез.

Инаку Conquering Lion е даб/реге/кросовер бенд од Тетово (Македонија) кој своето творештво го започнува на 7-ми април 2007 година. Во октомври 2009 година бендот го издава својот прв албум едноставно насловен како I за PMG Recordings на кој што може да се слушнат 10 песни меѓу кои и соработката со јамајканскиот артист Jah Clarity на песната Jah Love.

До сега, покрај настапите низ Македонија, бендот има настапувано во Германија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Грција, Романија, Словачка, Чешка, Холандија, Полска и Косово.

Вториот по ред албум насловен како Know Your Wisdom излезе на 26-ти август 2011 по што следеше 30 дневна балканска турнеја. Две години подоцна на 22-ри Ноември 2013 година бендот го издаде третиот студиски албум Revelation за издавачката куќа Password Productions од Македонија, по кој следеше успешна пролетна Европска турнеја.

Како едни од поважните настапи на Conquering Lion може да се издвојат настапите со Manu Chao, Gentleman, Ras Zacharri, Donald Minott, Raphael, Hornsman Coyote…Исто така бендот има настапувано на поголеми фестивали како, Riding Higher во Германија, In Music Festival во Хрватска, Таксират Фестивал во Македонија, Spirit of Burgas и Hills of Rock во Бугарија,…

Conquering Lion го издаваат својот 4-ти по ред студиски албум насловен како Land Of Confusion кој беше издаден на 24-ти Фебруари 2017 година за издавачката куќа Locksmith Records од New Jersey, USA. Land Of Confusion беше на листата за преноминации за најдобар реге албум за 2017 година на Греми наградите и за албум на годината на најголемиот реге портал во Европа Reggaeville.

Сите три синглови од новиот албум Wake Up, Go и Natty Lion беа премиерно промовирани на најголемиот реге портал во Европа Reggaeville. Првиот сингл од албумот Shine беше премиерно промовиран истотака на порталот Reggaeville на 23-ти Март 2018 година. Вториот сингл Badman World заедно со италијанскиот реге артист Рафаел беше премиерно промовиран на порталот Reggaeville на 27-ми август 2018 година.

Бендот го издава својот 5-ти под ред студиски албум Revolution Time на 30.03.2020 година за издавачката куќа Rehegoo Music од Лондон, В.Британија. Бендот го издаде синглот Long Time во соработка со македонската пејачка Дани Димитровска на 8-ми декември 2021 година.

Во моментов бендот работи на својот 6-ти по ред студиски албум кој сеуште е во подготовки, а првиот сингл Warning во соработка со српскиот реге пејач Hornsman Coyote беше премиерно промовиран на 10-ми Декември 2023.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.