„Сопругот ме остави сама со трите деца, две од нив ги надживеав“: Исповед што предизвикува солзи во очите

Ќе ја читате со грутка во грлото

Исповед на пензионерка која сопругот ја оставил сама со трите деца

Луѓето поминуваат низ сè и сешто во животот и мирот го наоѓаат дури во пензионерските денови. Многумина фантазираат како ќе им изгледаат деновите во староста, а ако тие планови пропадна, се разочаруваат и ѝ се препуштаат на болната самотија и тага. Но има и поединци полни со оптимизам кои ги надминуваат тешкотиите. Овој пат ви ја пренесуваме исповедта на една пензионерка која не очајува и покрај тоа што преживеала големи трагедии.

Вера има 83 години и поголемиот дел од својот живот го поминала сама. Сопругот со кого имала три мали деца, ја напуштил многу рано и морала со сè да се справува сама.

Работела сè и сешто за да им обезбеди услови за живот

„Сопругот ме остави во 20-тите години, и тоа со три деца на возраст од 2, 3 и 4 години. Не добивав никаква помош, ниту од државата ниту од нивниот татко, па работев навечер и за викенд како келнерка за да им обезбедам храна и покрив над главата.

Моето најмало дете, синот, почина од леукемија кога имаше 11 години. Моето второ дете, исто така син, се удави кога имаше 20 години. Сè уште имам ќерка. Таа и нејзиниот сопруг не живеат близу до мене. Пред околу 5 години успеаја да посвојат две деца кои биле тешко злоупотребувано. Едното дете имаше два месеца, а другото една година кога ги добија. Ова лето ќе наполнат пет и шест години.“

Независна од сите

„Ќерка ми не можеше да има биолошки деца. Со оглед на тоа што таа има полни раце работа и две деца на кои им треба, се обидувам сама да се грижам за своите потреби и желби. Имам мобилен телефон, компјутер и автомобил, така што сè уште можам да излегувам и да си завршам сè што треба. Важно ми е да останам самостојна што е можно подолго.

Не барам друштво на сила. Моите внуци ми се доволни. Сакам да ги посетувам и да си играм со внучињата што е можно почесто, иако знам дека секогаш ќе морам да ѝ се вратам на мојата рутина. Сè е отежнато кога човек е постар, но тоа не е причина за да се предадам. Кога ќе се вратам дома, повторно сум сама во моите четири ѕида, но не се чувствувам очајно.“

Со Библијата никогаш не си сам

„Најмногу од сè уживам да ја читам и проучувам Библијата, па така никогаш не сум навистина осамена. Моите три деца беа мојата најголема радост. Не се плашам од смртта, туку му се радувам на денот кога повторно ќе можеме да бидеме сите заедно, на другиот свет“, вака го опишала својот живот и размислувања во својата објава на форумот Quora.

„Ја оставив болната сопруга во старечки дом и зажалив засекогаш“: Исповед на човек кој не може да си ја прости оваа грешка!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.