Еве како да ги прочистите црниот дроб и цревата на природен начин: Нема да ве чини ништо, а ќе добиете многу!

Совети на стручњаци

Докторите откриваат како на природен начин да ги прочистите црниот дроб и цревата

Докторите предупредуваат дека доколку подолг временски период јадете тешка, масна храна, би требало да направите детоксикација на црниот дроб.

По обилните оброци треба да се ограничите и да не претерувате со јадење подолг временски период.

„Ништо нема да се случи ако се опуштите два-три дена, но ако подолго време јадете лоша храна, би требало да направите детоксикација на црниот дроб“, откриваат докторите.

Како што велат, за тоа најдобар е чајот од млечка, а добро е во него да додадете и прополис, полен, ѓумбир во прав, цимет и лимон.

„Тоа би требало да го испиете наутро пред појадок на празен стомак, но пред тоа,  испијте чаша топла вода. Водата е одлична за детоксикација“, советуваат докторите.

Водата може да биде каква било, дури и од чешма, само треба да ја загреете и да биде топла.

„Пред сè, треба да внесете две чаши топла вода за да го прочистите организмот“, посочуваат докторите.

Истакнуваат дека содата бикарбона, исто така, предизвикува базна реакција, но може да биде проблематична за луѓето кои имаат висок крвен притисок.

„За детоксикација, најважно е количеството на внесени течности и вода, тоа ќе даде најдобри резултати за вашиот организам“, заклучуваат експертите.

За оние што сакаат да ослабат, наместо топла вода, докторите препорачуваат ладна, бидејќи подолго се задржува во организмот и го зголемува чувството на ситост.

Без црн дроб – нема живот: Ако е замастен, здравјето може да ви биде опасно загрозено!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.