„Само една лажица од оваа течност дневно може да ви го намали притисокот и да ви го подобри помнењето“: Совет на доктор Мозли!

Доктор Мозли е сигурен во тоа!

Доктор Мајкл Мозли цврсто верува дека само една лажица од ова масло може да го намали крвниот притисок и да го подобри помнењето

Гуруто за исхрана доктор Мајкл Мозли планетарно е познат по диетите што ја воодушевија јавноста.

Овој пат, доктор Мозли зборувал за придобивките од маслиновото масло. Тој смета дека сите би требало да консумираат по 1 лажица маслиново масло дневно, кое според него е камен-темелник на медитеранската исхрана, а таа е надалеку позната како најздравиот начин на исхрана.

„Маслиновото масло е богато со олеинска киселина, која заедно со полифенолите може да ги намали воспаленијата, да го подобри нашето помнење и да го намали крвниот притисок.“

Повикувајќи се на убедливо истражување, доктор Мозли истакнал:

„Во неодамнешно шпанско истражување што опфатило повеќе од 12.000 луѓе, истражувачите откриле дека оние што консумираат една и пол лажица маслиново масло дневно, изложени се на двојно помал ризик од кардиоваскуларни болести, што е импресивно.

Оваа поврзаност била пронајдена само кај оние што консумирале екстра девствено маслиново масло, а не рафинирано или обично маслиново масло. Од друга страна, едно истражување од 2020 година открило дека консумирањето маслиново масло во која било форма го снижува крвниот притисок, иако екстра девственото имало поголемо влијание.“

Истражувањето кое вклучувало 25 постари возрасни лица со мали проблеми со помнењето, открило дека дневната доза од 30 мл – околу две супени лажици екстра девствено маслиново масло – го подобрува помнењето.

„Дневната доза маслиново масло, исто така, може да ги ублажи хроничните воспаленија што се поврзани со деменција“.

Доктор Бил Мулен од Универзитетот во Глазгов објаснил:

„Главната компонента на маслиновото масло е олеинската киселина, а тоа е една од омега 9 масните киселини. Олеинската киселина е позната по тоа што има антивоспалително дејство, а прилично сме сигурни дека многу од овие хронични болести почнуваат со воспаление.“

Тврдење на доктор Мајкл Мозли: Овој евтин прехранбен производ најбрзо ги топи масните наслаги!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.