Кафето е опасно да го консумирате во комбинација со ОВАА ваша ОМИЛЕНА намирница

Пиењето кафе е еден од омилените утрински ритуали за многумина. Многу лекари ги проучувале ефектите на кофеинот врз телото, а нивните мислења се различни. Сепак, повеќето од нив се согласуваат за една работа, а тоа е за самиот начин на консумирање кафе.

Имено, се верува дека доколку кафето се консумира правилно, тоа не може да биде штетно и обратно.

Нутриционистите откриваат со кои намирници кафето „не оди добро“! Станува збор за две кои многу луѓе ги земаат со или по црн пијалок – алкохолот и чоколадото!

Најлоша комбинација е кафето со чоколадо или алкохол, бидејќи кафето со чоколадо, како и алкохолот, помага да се релаксира долниот езофагеален сфинктер, резултатот е горушица, печење и рефлукс на содржината на желудникот во хранопроводникот.

Дури и ако не чувствувате непријатност, со текот на времето може да се појават знаци на воспаление на хранопроводникот, предупредуваат тие. Исто така не се препорачува да пиете кафе на празен стомак, што го прават повеќето луѓе, бидејќи тоа влијае на лачењето на желудникот.

Во исто време – препорачаната комбинација е еспресо кафе со стек.

„Еспресото е поконцентриран пијалок, содржи органски киселини кои го подобруваат процесот на варење, подобро делуваат на „компактно“ месо заедно со желудечниот сок“, објаснија докторите.

Некое време по еспресото се препорачува задолжително да испиете чаша вода за да ја надополните течноста во организмот, бидејќи кафето има диуретично дејство.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.