Рецепт за највкусен појадок: Омлет со сланина и спанаќ за почеток на денот

За само неколку минути ќе подготвите омлет кој ќе ве држи сити долго време.

Состојки:

3 јајца

вегета

сол

малку вода

половина лажичка брашно

спанаќ

100 гр сецкана сланина

маслиново масло

Подготовкa:

Во сад добро изматете ги јајцата. Потоа додајте им малку вода, потоа малку сол и вегета, а потоа постепено додавајте половина лажичка брашно. Кога ќе го споите сето ова, во јајцата додадете сецкан спанаќ.

Ставете тава и малку маслиново масло на оган. Потоа, пржете ја сецканата сланина додека не остане сочна. Прелијте со јајцата. Кога едната страна ќе се испече, превртете ги и испржете ја другата до саканата состојба.

Добар апетит!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.