Проја со сремус и коприва: Највкусниот рецепт кој мора да го пробате!

Ммм...

Доколку размислувате што би сакале да подготвите за вечера или појадок, наш предлог е проја со сремус и коприва. Вистинско пролетно, здраво јадење. Доколку сакате да направите нешто добро за вашето здравје, јадете коприва и сремус што почесто.

Состојки:

150 гр млада коприва
1 китка сремус
4 јајца
250 гр фета сирење
300 гр пченкарно брашно
200 гр бело брашно
230 мл кисела вода
50 мл маслиново масло
1 чаша јогурт
1 прашок за пециво
сол по вкус

Подготовка:

Сварете ги копривите во зовриена вода, а потоа исцедете ги и исечкајте ги. Измијте го и ситно исечкајте го сремусот. Измешајте пченкарно брашно, бело брашно, прашок за пециво и сол. Јајцата се матат со миксер. Додадете масло, кисела вода и јогурт. Додадете го брашното по малку. Кога се ќе се соедини се додаваат издробеното сирење, копривата и сремусот. Мешајте со процесор за храна додека состојките не се соединат. Истурете ја смесата во тавче обложено со хартија за печење. Посипете со сусам и печете во рерна загреана на 200 степени додека не порумени.
Оставете да се излади.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.