Несекојдневни: ПРОВЕРЕНО ефикасни совети за намалување на апетитот и СЛАБЕЕЊЕ

Знаевте ли дека јадењето од сини чинии може да ви помогне да го намалите апетитот и со тоа да изедете помалку? Кои други необични совети ќе ви помогнат во борбата со килограмите?

Постојат многу начини на кои можете да изгубите тежина за кратко време. Иако повеќето вклучуваат промена во исхраната и повеќе вежбање, не се сведува сè на соодносот на јаглехидрати и протеини. Eве неколку совети и трикови кои ќе ви помогнат да ја намалите тежината.

КРАЛСКИ ПОЈАДОК

Сите оброци се важни, но појадокот е тој што ви помага да го започнете денот на вистински начин. Најдобриот појадок е оној што ќе ве засити и ќе ви помогне да се справите со постојаната желба за храна до крајот на денот.

Ова вклучува храна како што се јајца, грав, грчки јогурт, ореви, зеленчук, овошје и слично.

СЛАБЕЈТЕ СО ПРИЈАТЕЛ

Многу полесно ќе се мотивирате да продолжите со диетата или одењето во теретана ако го правите ова со некој пријател, па и вашиот партнер.

ГЛЕДАЈТЕ ЕДЕН ЧАС ПОМАЛКУ ТЕЛЕВИЗИЈА

Се чини дека луѓето кои често седат пред телевизија, почесто јадат. Ако сте еден од нив, можете да го користите овој мал трик – наместо да гледате телевизија, шетајте. Овие мали откажувања полека ќе ви донесат значителни резултати.

НЕ ЈАДЕТЕ ДОДЕКА НЕ ПОЧУВСТВУВАТЕ ГЛАД

Неверојатно е колку често јадеме од здодевност, нервоза, навика или фрустрација. Ова е толку вообичаено што многумина од нас забораваат како е физички да чувствуваат глад.

Ако сакате одредена храна, веројатно се работи за желба, а не глад. Ако сакате да јадете сè што ќе ви дојде при рака, големи се шансите да сте навистина гладни.

ПОМИРИСАЈТЕ БАНАНА ИЛИ ЈАБОЛКО КОГА СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ГЛАДНО

Можеби изгледа глупаво, но ова наводно делува. Се претпоставува дека мирисот на овие, но и други намирници со слична слатка арома, колку-толку го потиснуваат апетитот.

ГЛЕДАЈТЕ ВО СИНА БОЈА

Се верува дека сината боја делува како потиснувач на апетитот бидејќи е најмалку присутна во природата. Односно, речиси и да нема храна која природно има сина боја.

Затоа, послужете вечера во сини чинии или покријте ја масата со сини чаршафи.

Од друга страна, избегнувајте црвена, жолта и портокалова боја во трпезариите. Овие бои го стимулираат апетитот.

ЈАДЕТЕ ЗАЧИНЕТА ХРАНА

Состојка која се наоѓа во лутите пиперки може да го зголеми ослободувањето на хормоните на стрес, како што е адреналин, со што се забрзува вашиот метаболизам и вашата способност да согорите калории.

Покрај тоа, консумирањето на лути пиперки може да ви помогне да јадете побавно од очигледни причини.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.