Нискокалоричен извор на влакна: Еве зошто пиперката е најдобриот зеленчук за слабеење!

Јадете повеќе пиперки!

Во процесот на слабеење ваш верен сојузник е еден од најдостапните зеленчуци, пиперката. Зошто е тоа така, како пиперките помагаат во слабеењето?

Нискокалорични се

Една чаша сечкани пиперки има само 39 калории. Пиперките може да се користат на многу различни начини. Вкусни се, брзо не заситуваат и се нискокалорични – карактеристики што ги прават одличен избор за слабеење.

Пиперките се добар извор на влакна

Освен што е нискокалорична, пиперката содржи и 3 грама влакна по чаша и природно е богата со вода. Голем преглед на студии го поврза поголемиот внес на нискокалорична храна богата со влакна и вода со зголемено губење на тежината.

Одличен извор на витамин Ц

Друга придобивка од пиперките во делот за слабеење е нивната содржина на витамин Ц. Една чаша црвена пиперка обезбедува 190 mg витамин Ц, што е дури двојно повеќе од препорачаната дневна доза за возрасни. Поврзана студија покажа дека возрасните со соодветен внес на витамин Ц согоруваат 25% повеќе масти за време на вежбањето отколку возрасните кои не примале соодветни количини на витамин Ц.

Како да додадете повеќе пиперка во вашата исхрана за да изгубите тежина?

Ако сакате да додадете повеќе пиперка во вашата исхрана, можностите се речиси бесконечни. Печена или пржена, во салати, смути, омлети, како и прилог со хумус. Секоја храна, со додавање на неколку пиперки, може да стане повкусна и да помогне при слабеење.

Дали бојата е важна?

Жолтата, портокаловата и црвената пиперка потекнуваат од истото растение како и зелените пиперки. Тие се само малку позрели. Сите видови се слични кога се во прашање калориите и макронутриентите, така што можете безбедно да ја изберете сортата што најмногу ви се допаѓа.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.