Ирина Шајк ја воспитува ќерка ѝ на руски начин: Сите проблеми ги решава со 1 потег, а ЕВЕ што секогаш прават заедно!

Целиот свет им се восхитува на нејзините воспитни методи

Ирина Шајк не е само обична убавица, неа ја прават посебна вредностите што ги носи од дома и сега се обидува да ѝ ги пренесе на својата наследничка

Ирина Шајк, топ-моделка и една од најбараните манекенки во светот, во 2017 година се оствари во улогата на мајка и оттогаш има многу важна мисија – нејзината ќерка да стане добра, чесна и вредна личност – и никако не отстапува од тоа.

Ќерката Ли де Сена Шајк Купер ја добила од романсата со актерот Бредли Купер, а прекрасната Ирина сите ги воодушевила со својот начин на воспитување на детето. Нејзините методи го воодушевија целиот свет, најмногу поради тоа што одлучила во родителството да ги следи чекорите на својата мајка и баба.

Уште од првиот ден, кон ќерка ѝ се однесува како кон зрела личност, па ја пушта Ли во многу животни ситуации. Иако живее во изобилство, свесна е дека нејзината мајка пораснала во тешки услови, како и дека добивала десерти само двапати годишно – за Нова година и за роденден.

Исто така, планетарно популарните родители сметаат дека една од најважните работи што треба да ги сфати Ли е дека успехот не се случува без напорна работа и труд.

На поучен начин ја намалила лутината кај ќерка ѝ

Кога ќерката на Ирина се налутила што нејзината мајка морала да оди на работа, манекенката ја смирила само со еден пример. Од тој момент веќе никогаш не направила ништо слично.

„Имаме вклучено светло дома, го гледаш? А во фрижидерот имаме храна. За да го имаме сето ова, родителите мораат да одат на работа“, по оваа констатација Ли веќе не плачела кога мајка ѝ требала да оди на работа.

Магичниот збор „молам“

Зборот „молам“ е задолжителен, бидејќи малата Ли без него не може да добие ништо. Љубезноста се подразбира на секое место.

„Тактот и доброто однесување треба да му се всадат на девојчето од раното детство“, вели Ирина.

Секогаш става акцент на своето потекло

Манекенката зборува на руски со ќерка ѝ, додека Ли течно зборува англиски со татко ѝ и пријателите. Ирина никогаш не ангажирала дадилка, бидејќи си верува само на себе, на својата мајка и на Бредли кога станува збор за грижата на детето.

Ирина Шајк по градник дошла по детето во градинка: Убавата Русинка направи хаос! (ФОТО)
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе