Досега го избегнувавте утринскиот секс? Време е да го послушате партнерот, еве зошто треба да го засакате утринскиот секс!

Утринскиот секс е повеќе од прифатлива замена за утринското кафе...

Разбушавена коса, отечени очни капаци, лош здив, желба за дополнителен петминутен сон… Да, да, има многу причини поради кои би го прескокнале утринскиот секс. Но, знаете како велат, паричката има две страни. Ако свесно го избегнувавте сексот во утринските часови, значи дека е неопходно да ги дознаете аргументите „ЗА“ утрински секс. Еве зошто треба да го засакате сексот по будењето:

Ќе бидете весели и позитивни во текот на целиот ден

Луѓето кои се расонуваат со утрински секс ги следи ведро расположение во текот на цел ден. Сексуалното задоволство и доживувањето на оргазам во телото ослободуваат ендорфини, кои се „виновници“ за интензивирањето на вашата среќа. Можеби вашите колеги ќе ве прашуваат која е тајната за прикриената насмевка на вашето лице, па обидете се да не ја издавате.

Ќе имате посилен имунитет

Утринскиот секс го подобрува здравјето преку подобрување на вашиот имунитет. Според неодамнешните истражувања, утринскиот секс го зголемува нивото на имуноглобулин А (IgA), антитело кои се бори со настинки и други инфекции.

Ќе добиете нова доза адреналин

Утринскиот секс го зголемува лачењето на адреналин и му придава интензитет на сексуалното искуство.

Нема потреба од предигра…

Додека вашиот партнер спие, тој акумулира тестостерон, а високото ниво на тестостерон е причината за неговата огромна желба за секс. Па наутро не мора да трошите време за предигра, затоа што неговата ерекција ќе ве убеди дека е спремен за акција.

Ве разубавува

Утринскиот секс го зголемува нивото на естроген кој го подобрува тенот и текстурата на кожата и косата. Сфатете го како ваша бесплатна козметика која ви дава природен здрав блесок во текот на целиот ден. Вашето лице ќе зрачи со привлечност, а вашата коса ќе сјае.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.