„Само во овој случај може да простите неверство“: Совет на психолог што секој треба да го прочита

Брачни совети

Што да правите ако го откриете неверството на партнерот?

Речиси и да не постои врска или брак во кои не дошло до љубоморна ситуација или неверство на партнерот. Ако и кога ќе се открие неверство, многумина размислуваат дали да му простат на партнерот.

Психотерапевтите го советуваат следново:

„Луѓето му веруваат на партнерот. Но кога ќе се појави сомнеж дека нешто не е во ред, а се појавува кога партнерот ќе го смени однесувањето (крие пораки на телефонот, го носи мобилниот во тоалет кога се тушира, разговара надвор), другата страна почнува да се сомнева.

Кога партнерот ќе биде уловен во неверство, тогаш настанува проблемот дали да се признае или не. Ако нема конкретни докази, најчесто луѓето одлучуваат да не признаат. Тогаш, лажат дека тоа им е пријателка, колешка и слично. Но така исчезнува довербата. Кога довербата ќе исчезне, луѓето тешко продолжуваат понатаму. Меѓутоа, ако оној што покажал знаци на неверство почне да покажува љубов, посветеност и тоа трае подолго време, тогаш може сè да се заборави.

Ние советуваме да се прости неверството ако другата страна признае. Не само да каже што се случило (не треба да се инсистира на деталите), туку да го дефинира тоа како грешка, да ја осуди својата постапка, да вети дека никогаш веќе нема да го повтори и да изрази љубов и желба да остане со партнерот. Сето ова може да ѝ помогне на другата страна да прости.

Искуствата се поделени. Половина простуваат, половина не простуваат. На луѓето не им пречи неверството само по себе, туку им пречи што кажува тоа за нивниот однос со партнерот: зошто го направил тоа? Терапијата помага да се открие проблемот во бракот што довел до неверство: некогаш тоа е сексуалноста кога мажите се во прашање (жената предолго време ја болело глава кога требало да дојде до секс) или разочараноста од партнерот – кога станува збор за жените (престануваат да го почитуваат сопругот).

За жената да го изневери сопругот, мора прво да се разочара од него. Дури потоа почнува да бара наоколу и кога ќе најде симпатија, таа мора да се вљуби за да може да го изневери мажот.

Сè додека нејзиниот однос со сопругот е во ред, жената нема потреба да бара друг партнер.

Најлошата ситуација е кога некој е полуразочаран. Од една страна, има добри работи во бракот, па не сака да си замине, а од друга страна е разочаран. Кога некој е во таков брак долго време, често се случува да почне да флертува на страна со надеж дека ќе се појави некој подобар, со кого што ќе доживее вистинска љубов и така натаму…

Ако сопружниците сакаат да го сочуваат бракот по неверството, решението е во разговорот. Некаков проблем постоел – инаку не би дошло до неверство, па затоа мора да се разговара за него. Честопати, овие разговори придонесуваат за подобар квалитет на бракот, па двојката може непречено да продолжи со заедничкиот живот.“

Што мислите кој повеќе е склон кон неверство, мажите или жените?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.