Сака да направите пауза во врската? Еве на што размислува тој!

Што значи тоа?

„Мислам дека треба да направиме пауза“ e реченицата којашто може да ја шокира секоја девојка и во нејзината глава да отвори милиони прашања, меѓу кои и најглавното „Што всушност мисли тој?“.

Прочитајте неколку можни одговори на тоа прашање за да можете полесно да се справите со кризата во врската популарно наречена пауза.

Сака да раскинете, но не знае како да ви каже

Најболната варијанта е да престанал да ве сака и не е доволно храбар да каже крај, па почнува да ја „крши“ врската со барање повеќе простор за себе. Паузата може да ја користи како инструмент за да ве чува како резерва во случај да се почувствува осамен откако ќе се разделите.

Му се допаѓа некоја друга

Можно е тој да има на ум некоја друга, па сака да си се проба кај неа, онака со чиста совест, слободен. А, со тоа што од вас побарал пауза, а не крај, си остава простор да ви се врати ако не му успее новиот освојувачки поход.

Мисли дека врската ви е здодевна и монотона

Потребно е да се преиспитате себеси и вашето однесување. Преиспитајте го и вашиот сексуален живот. Тој е еден од столбовите за успешна и здрава врска. Можеби токму монотонијата е таа што го поттикнала вашиот партнер на ваков чекор.

Сака да покаже дека контролата е во негови раце

Тој може да ја користи паузата како нефер метод да покаже дека ја поседува контролата во вашата врска. Размислете, додека сте на пауза тој може да прави што ќе посака, а вам ви останува да чекате да ја чуете неговата одлука и да се мачите со мислите „Како да постапам?“, „Што мисли сега тој?“.

Неговите другари го фрлаат во искушение

Ако во неговото друштво единствено тој е со статус „во врска“, тогаш можеби вината за вашата пауза лежи во неговите другари. Него можеби му е тешко да ги одбие поканите за луди забави, или пак, сè уште не е доволно зрел и не сака да се откаже од бурниот ноќен живот. Постои веројатност тој да сака да собере уште љубовно искуство пред да влезе во сериозна врска.

Според истражувањата, во најголем број случаи фразата „Ни треба пауза“ е всушност предвесник на раскинување затоа што на човек не му треба да е надвор од врска за да сфати дали сака да биде со некого или не. Напротив! Во секоја здрава врска партнерите треба да се чувствуваат доволно комфорно за да не им е потребно да бараат дополнителен простор.

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More