(ВИДЕО) Техника на вапсање јајца со чај: Резултатот е неверојатен

Само неколку дена нè делат од Велигден, а подготовките за вапсување на јајцата се во полн ек. Иако досега сигурно сте слушнале за бројни техники, ние ви носиме една од наједноставните – користете чај од хибискус и на сосема природен и лесен начин ќе добиете прекрасни јајца кои, сигурни сме, ќе ги шармираат сите!

Имено, за овој начин на боење ви се потребни бели јајца, но доколку имате жолти, можете да ги избелите.

Потребни состојки:

– чај од хибискус

– бели јајца

– 80 г чај од хибискус (доволно за 10 јајца)

– алкохолен оцет

– стреч фолија

Постапка:

Нежно исплакнете ги јајцата во млака вода пред да ги варите. Потоа ставете ги во тенџере со половина литар ладна вода и 400 мл алкохолен оцет и варете ги 11 минути. Кога ќе се појави пена на површината на водата, внимателно отстранете ја со лажица. Потоа прелијте ги јајцата со ладна вода и повторно избришете ги со чист сунѓер.

Од друга страна, во садот ставете 80 г чај од хибискус и тоа од оној на мерење, а не од кесичка. Прелијте го со топла вода и додадете една лажичка оцет и добро измешајте. Потоа спуштете ги јајцата во неа. По 3 минути извадете ги јајцата со малку чај и ставете ги на фолија. Додадете уште малку чај и завиткајте.

 

Оставете ги да отстојат неколку минути и потоа нежно избришете ги со хартиена крпа. Оставете ги добро да се исушат и премачкајте ги со масло за да блеснат.

Забелешка: Колку подолго ги чувате јајцата во чајот, бојата ќе биде потемна.

 

 

 

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.