Овој необичен детаљ на сликата на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам на многумина им боде очи: Еве што ги стаписа луѓето на социјалните мрежи (ФОТО)

Лајковите се нижат

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се венчаа на вчерашен ден пред 13 години, па на својата страница на Инстаграм објавија фотографија од венчавката, која еден ден по објавувањето, има околу 1,5 милиони лајкови.

Многу луѓе ѝ го честитаа важниот датум на славната двојка, која ја прослави годишнината од бракот додека принцезата од Велс се бори со ракот.

Покрај позитивните коментари, има и реакции кои го свртуваат вниманието на деталите што збунија дел од јавноста.

Имено, невообичаено е што е објавена црно-бела фотографија, а не слика во боја, бидејќи може да изгледа малку бизарно земајќи предвид дека принцезата од Велс боледува од рак. Некои велат дека за малку ќе се онесвестеле кога ја виделе сликата.

И порано беа објавувани црно-бели слики од британското кралско семејство, како што е божиќниот портрет на принцезата и принцот од Велс со нивните деца.

Она што исто така вознемири многумина е фактот што Вилијам носи поинаква униформа од онаа што ја носеше на венчавката во Вестминстерската опатија во Лондон во 2011 година. Принцот на церемонијата ја носел униформата на ирската гарда, која е позната по светло-црвениот капут. Поточно, тој бил во униформа на полковник на ирската гарда, според неговиот чин, пишува CNN.

Желбата на кралицата Елизабета Втора била Вилијам да носи црвена униформа на венчавката за да ја продолжи традицијата. Подоцна облече друга униформа за фотосесијата.

Речиси е неизбежно одредени детали од сликата на Кејт Мидлтон да ја збунат јавноста, но од друга страна, бројот на лајкови доволно говори.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.