Семејството Мидлтон не излегува од домот на принцезата во Виндзор: Сите се покрај Кејт, а еве што ѝ порачал брат ѝ!

Еве што вели семејството Милдтон по веста дека Кејт има рак

Принцезата од Велс и идната кралица сопруга, Кејт Мидлтон, во петокот ѝ откри на јавноста дека има рак и дека прима превентивна хемотерапија, а еве што вели нејзиното семејство

Дури и откако се омажила во едно од најпознатите семејства на светот, Кејт останала блиска со семејството Мидлтон, а мајка ѝ Керол неодамна била фотографирана во посета на Виндзор.

Нејзините родители, заедно со брат ѝ и сестра ѝ, Пипа Метјуз и Џејмс Мидлтон, се покрај неа за да ја поддржат додека закрепнува во нејзиниот дом во Виндзор, кој се наоѓа во близина на нивните домови.

Вчера, Џејмс (36) сподели на Инстаграм фотографија од детството со принцезата, од едно патување во природа и напиша:

„Низ годините заедно искачивме многу планини. Како семејство, ќе ја искачиме и оваа, заедно со тебе.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Middleton (@jmidy)


Се верува дека тоа е неговата реакција на вчерашната објава на Кејт Мидлтон дека прима превентивна хемотерапија по успешната абдоминална операција во јануари.

Џејмс претходно има зборувано за тоа како Кејт, заедно со неговите родители и сестра му Пипа, се собрале за да му помогнат да ја надмине клиничката депресија.

„Имав голема среќа што сакаа да бидат вклучени и што сфатија дека тоа е процес, дека нема брзо решение за тоа“, рекол тој.

„А да се разбере начинот на кој функционира мојот мозок, кој може да се разликува од нивниот или туѓиот, е навистина важно, бидејќи тоа беше исто толку тежок процес за мене колку и за нив, и мислам дека пораснавме како семејство поради тоа.“

Исто така зборувал и за тоа како Кејт и Пипа оделе на терапевтски сесии заедно со него во знак на поддршка.

„Моите сестри доаѓаа на некои од моите терапии. Секогаш беа тука во тешките времиња, а беа покрај мене и во најтешките мигови. За тоа ќе им бидам засекогаш благодарен“, рекол тој.

Кејт е исто така многу блиска со својата помала сестра. Пипа игра активна улога на тетка на трите деца на Кејт, а тие две сега имаат деца на слична возраст. И покрај својот зафатен распоред како писателка и спортистка, Пипа редовно ги посетува замоците Виндзор и Анмер Хол и често оди на одмор со Кејт.

Пипа претходно има изјавено:

„Поминуваме многу време заедно. Сѐ уште правиме многу работи заедно како семејство. И тоа сите некако нѐ држеше, знаете, приковани за земја.“

Сега, на Кејт е редот да се потпре на семејството Мидлтон за поддршка, а се чини дека нејзините родители Керол (69) и Мајкл (74) секогаш се тука за неа.

Кејт Мидлтон итно се качила со семејството во хеликоптер и го напуштила Виндзор: Еве каде се наоѓа моментално
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.