3 рецепта за пост на вода: Кога не знаете што да вечерате, ОВА е вистинскиот избор за вас!
Здраво и лесно
Ви предлагаме 3 совршени рецепти за пост на вода
Велигденскиот пост важи за најстрог, бидејќи се пости на вода. Затоа, ви предлагаме рецепт за супа и две мачканици што можете да ги јадете за појадок и вечера.
ПОСНА СУПА
Состојки:
- 2 моркова
- целер (најдобро и коренот и стеблото)
- 1 кромид
- магдонос
- тестенини по желба
- бибер, сол, малку куркума
Приготвување:
Исечкајте го зеленчукот на поголеми парчиња. Пропржете го кромидот во тавче, ставете го сето тоа во лонец и сипете вода, па варете го на висока температура додека зоврие. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата и гответе на тивок оган барем еден час, со повремено долевање вода. Потоа, извадете ги сите зеленчуци, освен морковот, додајте зачини и тестенини, па зголемете ја температурата, за да зоврие. Гответе десетина минути додека се зготват тестенините.
МАЧКАНИЦА ОД ИНДИСКИ ОРЕВИ
Состојки:
- 200 г сирови индиски ореви
- сок од половина лимон
- 1 чешне лук
- малку вода
- сол, бибер, куркума, уште некој зачин по ваш вкус
Приготвување:
Ставете ги сите состојки во сечко и мелете ги додека добиете текстура и густина на мачканица. По потреба додајте малку вода, ако е премногу густа. Додајте зачини по желба.
МАЧКАНИЦА ОД ЛЕБЛЕБИЈА
Состојки:
- 200 г варени леблебии
- сок од половина лимон
- 1 чешне лук
- 3 лажици печен сусам
- вода, сол, бибер, магдонос, ким, црвен пипер, по вкус
Приготвување:
Сите состојки се ставаат во сечко и се мелат додека се добие текстура и густина на мачканица. По потреба, додавајте малку вода, ако е премногу густо. Додајте зачини по желба. Многу убаво оди со свеж домат и босилек.
Коментарите се заклучени.