Посни медени бомбици со пченица и орев

Рецепт

Прво пченицата ја чистите ако има оштетени зрна, убаво ја миете и ја ставаме во тенџере со вода да се вари.

Од кога е сварена ја процедувате од течноста и ја оставате во цедалка убаво да се просуши, 1-2 часа.

Потоа ја ставате во процесор или нутрибулет и ја мелете. Не морате да ја сомелете целосно, оставете и по некое зрно цело.

Ставете ја во сад, додадете мед, мелени ореви, цимет, морско оревче. Убаво смесата соединете ја со рака. Формирајте бомбици кои ќе ги обложите со мелени ореви.

Добар апетит!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.