Ретроградниот Меркур им носи среќа на овие хороскопски знаци

Првиот ретрограден Меркур во 2024 година нè очекува од 1 до 24 април, што значи – наострете ги нервите и психички подгответе се за предизвиците кои ќе бидат неизбежни.

Сепак, се чини дека одредени хороскопски знаци ќе бидат фаворизирани од судбината.

Бик

Слободните Бикови очекуваат средба или познанство на сосема неочекувано место, како музеј, изложба или деловен настан. Датумот на кој треба да се обрне внимание е 15 април, особено ќе биде поволен за остварување нови познанства. Зафатените Бикови треба да работат на изненадување за партнерот, тоа ќе ја зајакне вашата врска и ќе ве направи среќни и двајцата.

Исто така, мај ќе биде особено добар период за вашите професионални успеси, особено околу 10 мај, кога е можна голема заработка. Размислете за понудите што ќе ви се појават помеѓу 20 и 25 мај, тие би можеле да ви вратат повеќекратно.

Рак

Раковите ќе бидат особено фаворизирани од ѕвездите на 7 и 19 април кога се во прашање можностите за нова емотивна врска. Многу брзо познанството би можело да се претвори во жешка романса. Зафатените Ракови можеби работат на планови за иднината со партнерот, а 13 мај е важен датум за нив.

Ќе биде забележана и вашата работа, а големи се шансите да добиете понуда за учество во некој вносен, перспективен проект, особено во периодот од 5 до 15 мај. Не пропуштајте ја шансата да се докажете. Околу 20 април очекувајте прилив на пари, а ова е и добар период за некои инвестиции.

Скорпии

Слободните Скорпии имаат можност да запознаат некој посебен на некој настан или на вечерно излегување, а 3-ти и 18-ти април се особено добри датуми за ова. Зафатените Скорпии ќе уживаат во зајакнувањето на врската и интимноста со партнерот, а 14 мај е датумот кој ќе ви донесе голема среќа на емотивен план.

Кариерата ќе ви цвета, а предлог или понуда што ќе стигне до вас во наредниот период ќе ви даде дополнителни крилја. Можете да го очекувате во секое време, но 8 мај е најповолниот ден. Подгответе се за неочекувани понуди и не плашете се да преземете одговорност. Пред вас е и финансиски успех, особено помеѓу 16 и 22 мај.

Водолија

Водолиите би можеле да запознаат интересни луѓе на патување или на социјалните мрежи или воопшто на интернет, особено на 12 април и 2 мај. За оние кои се веќе во врска, 20 мај ќе биде важен датум и одличен ден за да се посветите на партнерот.

На деловен план, 26 април ќе биде особено важен ден. Не плашете се од иновациите, прифатете ги, тоа ќе ви користи. Доколку се занимавате со стартапи или нови технологии, можете да очекувате многу успеси, особено во периодот од 17 до 24 мај. Здравје Важно е да не ги игнорирате сигналите на вашето тело. Доколку се чувствувате уморни, дозволете си кратка пауза и вистински одмор,

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.