13 „сиромашни“ јадења од стара Југославија: Луѓето пукале од здравје кога ги јаделе!

Не постои ништо повкусно!

Не се потребни многу состојки за да се приготват, па затоа го добиле името „сиромашни јадења“

„Сиромашните“ јадења што се приготвувале од неколку состојки честопати биле и највкусните јадења од времето на стара Југославија.

Еве некои од омилените такви рецепти што претходните генерации ги обожавале…

1. Слатка зелка без месо

Овој здрав ручек е евтин и лесно се приготвува. За да биде повкусен, во зелката додајте и друг зеленчук: кромид (кој прво ќе го пропржите), морков, пиперка, лук, домати и магдонос.

2. Рестуван компир

Во пропржен кромид додајте варен компир и гмечете го, а потоа зачинете со црвен пипер, сол и бибер по желба.

3. Леб, маст и црвен пипер

Иако многу постари луѓе ќе ги врати во детството, ова јадење е незамисливо за денешните деца.

4. Варен компир во лушпа

Не постои поедноставно јадење. Послужете го со сирење, пригответе салата од домати и ручекот е готов.

5. Босанска пита

Изрендајте излупен компир, додајте сол, бибер и ситно сечкан кромид. Потоа, сипете брашно и мешајте додека истовремено додавате вода (смесата треба да биде малку погуста од онаа за палачинки). Префрлете во подмачкана тепсија и печете околу половина час на 250 степени.

6. Стар леб надробен во кисело млеко

Кога немате идеја што да јадете за појадок или вечера, надробете леб во ладно кисело млеко или јогурт. Дури и децата го обожаваат ова јадење.

7. Попара

Надробете стар леб во врела вода. Загрејте масло или маст и кога ќе биде врело, додајте го во лебот, па ставете сирење или кајмак. Може да ја приготвите попарата и со млеко наместо со вода, а може и без маст или врело масло.

8. Грав

Гравот е доволно калоричен и полн со протеини, така што не му ни треба месо. Морковот, пиперката и кромидот се одличен додаток за гравот.

9. Пржени лепчиња

Наместо за појадок или вечера да јадете сувомеснати производи полни со адитиви, пригответе пржени лепчиња и испијте јогурт.

10. Чорба од компири

Пропржете кромид и морков, додајте компир исечкан на коцки, сипете вода и сварете го. Потоа, додајте доматен сок и зачинете. Во чорбата можете да додадете и друг зеленчук по желба, на пример пиперки.

11. Слатки јаболка

Потопете крукчиња јаболка во смеса за палачинки и испржете ги врело масло, па посипете ги со шеќер во прав.

12. Стар леб со млеко и шеќер

Зашеќерете леб исечкан на коцки и прелејте го со врело млеко. Денес и онака секој леб е преполн со адитиви, па тоа што ќе додадете малку шеќер не е големо зло.

13. Лиена пита

Нема ништо поедноставно – наредете кори, намрсете ги малку, па кога ќе се испечат, прелејте ги со врела вода.

Во Југославија овие јадења се сметале за специјалитети, поради нив се одело во ресторани – денес луѓето не би го ни пробале ова!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.