Рецепт за посни ванилици: Лесни и вкусни

Ванилиците можат да бидат вкусни дури и кога се посни.

Состојки:

–100 грама шеќер во прав

– 200 гр маргарин

– 300 гр меко брашно

– зачини по вкус: ванилин шеќер, цимет, кора од портокал или лимон…

Полнење:

– тегла мармалад по избор

– 2 лажички екстракт од рум

Подготовка:

Соединете ги сите суви состојки, додадете сечкан маргарин и замесете тесто. По потреба додадете 1-2 лажици вода (ако тестото не може добро да се замеси).

Спакувајте го тестото во кеса и чувајте го во фрижидер околу половина час.

Расукајте го со дебелина од три милиметри, посипете го со ванилин шеќер и цимет, изматете го, исечете го на саканите форми и печете на 150-160 степени најмногу 10 минути.

Соединете мармалад и рум и спојувајте по две бисквити.

Следниот ден валкајте ги ванилиците во шеќер во прав, но само околу рабовите (не цели).

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.