Како да направите здрава и вкусна пита со коприва? Ви го откриваме идеалниот рецепт!

Здраво и неодоливо вкусно!

Од коприва може да се направи буквално се – сок (исклучително здрав), супа, пита, киш, салата, чорба, рижото… За среќа, на нашите простори расте во изобилство, па е достапна за сите и секој може да ужива во овие вкусни и многу здрави специјалитети.

Ако сè уште не сте ја пробале мора да ја направите питата со коприва!

Состојки:

1 пакување кори за пита
250 гр свежа коприва
350 гр сирење
1 павлака
5 јајца
500 мл кисела вода
сол и бибер по вкус
малку масло
малку сусам

Подготовка:

Копривата најпрво варете ја кратко во зовриена вода. Извадете ја од водата и оставете ја да се излади. Потоа добро исцедете ја и ситно исечкајте ја. Искинете ги корите за пита на парчиња (со прсти).
Јајцата се матат и се мешаат со сирење и павлака. Потоа додадете ја копривата и убаво измешајте. Додадете кисела вода, сол и бибер. Полека додајте ги корите и измешајте. Истурете ја смесата во подмачкана тава. Посипете со сусам. Се пече во рерна загреана на 200 степени додека не порумени.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.