„Твојата облека ја разгорува имагинацијата“: Студентка ја покажа бизарната порака од професорот, а еве што облекла на училиште (ВИДЕО)

Видеоклипот собра повеќе од три милиони прегледи.

Аби студира во Мемфис, а неодамна на TikTok објави видео кое предизвика големо внимание.

Таа ја покажа пораката од професорот која ја добила по презентацијата, во која покрај оценката и освртот на работата, тој зборува и за нејзината гардероба.

Иако ми се допадна што си дотерана, краткото здолниште што го избра може да го одвлече вниманието на некои во публиката. Бидејќи најмногу седевте зад компјутерот, тоа не се случи. Но запомнете, проблемот со облеката што ја поттикнува фантазијата е нејзиниот потенцијал да го одвлече вниманието од содржината што се прикажува – напишал професорот.

Аби истакна дека во оваа ситуација немало „дрес код“, па нема потреба да се коментира за нејзината облека.

Исто така, девојката тврди дека истиот професор на друга студентка ѝ рекол  дека нејзината кошула „ѝ го одвлекува вниманието на публиката“.

На крајот, таа покажа што носела на училиште, сметајќи дека не е непримерно.

Клипот собра повеќе од три милиони прегледи, а многумина ја коментираа ситуацијата. Повеќето ја советуваат да го пријави професорот кај претпоставените.

Таквите луѓе мислат дека секоја облека е несоодветна, бидејќи претпочитаат да ги обвинуваат другите за своите несоодветни мисли – напишала една девојка.

Друга се надоврзува: „Тоа е сосема соодветна облека за студентка“. Способноста на мажите да сексуализираат сè што прават жените е смешна“.

Што мислите вие?

@aaaabbbbyyyyyyyyy I feel so completely grossed out and like violated and 🤢🤢🤢🤢 thinking about my 75 year old professor implying hes FANTASIZING about my “short skirt” #misogyny #sexism #harassment #menarescary #ew #violated #universityofmemphis #psychology #psychmajor #shortskirt #miniskirtoutfit ♬ original sound – 🥸

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.