Прија го ископира стајлингот на Карлеуша: Оваа комбинација ја плати над 3 илјади евра, а Јелена ја промовираше пред неколку месеци (видео/фото)

Кај едната ги истакна сите несовршености, што мислите?

Прв дојден, прв услужен!

Ретки се оние регионални, па дури и светските музички ѕвезди кои некогаш не ја ископирале Јелена Карлеуша, која храбро владее со српската модна сцена и секогаш прва ги носи промените.

Меѓу тие ретките се приклучи и Александра Пријовиќ, која на четвртиот концерт во Осиек носеше комбинација иста што Јелена ја носеше зимата.

Прија носеше фустан од 1.450 евра, чизми од 1.150 и ракавици од 500 евра, а сличен модел имаше и Карлеуша, која наместо фустан носеше краток комбинезон во комбинација со ракавици.

Иако Прија во последно време добива само пофалби за нејзиниот скап стајлинг на актуелната турнеја „Од исток до запад“, се чини дека нејзиниот тим и таа повторно останаа без идеја, па беа инспирирани од Карлеуша.

Фото: Инстаграм

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.