Јавноста никогаш не ѝ ги прости овие фотографии на Мирка Федерер: „Како можела да си дозволи вакво нешто?“

Фотографиите на Мирка во костим за капење

Мирка Федерер (46) отсекогаш имала јасна цел пред себе: семејството и Роџер Федерер, но јавноста имала поинакви очекувања од неа

Роџер Федерер никогаш не криел дека сопругата Мирка отсекогаш му била голема поддршка и дека благодарение на неа го постигнал сиот досегашен успех.

Од друга страна, Мирка отсекогаш го ставала семејството на прво место. Таа буквално се откажала од својата кариера, за да му даде предност на Роџер. Јавноста никогаш не ѝ го прости тоа, како ни фактот што не троши пари на облека и естетски корекции, туку на своето семејство.

Како сопруга на тенисер кој со години беше број 1 во светот, Мирка и самата отсекогаш била под лупата на јавноста.

Во 2017 година се појавија фотографии што обожавателите на Роџер Федерер не можеа да ѝ ги простат. Станува збор за папарацо-фотографии од плажа, на кои Мирка е во костим за капење. Тогаш 39-годишната Мирка отстапувала од наметнатите стандарди за убавина, па гордо се шетала на плажа со очигледните вишок килограми.

Социјалните мрежи експлодираа, а еден коментар особено се издвои:

„Како можела да си дозволи себеси да се здебели толку? Како можела да си дозволи себеси нешто вакво?“

Никој не го зеде предвид фактот што Мирка две години претходно родила близнаци, синовите Лео и Лени, но и ќерки, исто така близначки, Мила Роуз и Шарлин Рива, па јасно е дека семејството отсекогаш ѝ било поважно од изгледот.

Оттогаш до денес, Мирка варира со килограмите, но никогаш нема дозволено јавноста да ѝ го оттргне вниманието од она што е важно, а за неа тоа е семејството.

Нејзиниот сопруг Роџер Федерер јасно им има ставено до знаење на сите дека е успешен само благодарение на неа, па кому му треба поголемо признание од тоа?!

Сопругата на Роџер Федерер, Мирка, има бурно минато зад себе: Со години се обидувала да го скрие ОВА од јавноста!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.