Ако имате парче земја на село, направете си ВАКВА викендичка: Лесно се гради, уште полесно се одржува, а трошоците се минимални!

Совршена викендичка за живот на село

Малата куќа на село можеби е идеалното решение за вас за бегство од стресот и брзиот начин на живот

Нашите предци обично сакале големи куќи, на три ката, кои ќе можат да соберат неколку генерации. Но денес времињата се сменети, па многу родители имаат останато сами во тие големи куќи. Проблемот со големите куќи, пред сè, се големите трошоци. Многумина велат дека „куќите се дупка без дно“. Во моментот кога ќе ви се чини дека сте ја средиле и доградиле, се отвораат нови обврски и потреби за реновирање.

Поради тие огромни куќи во градовите, ги имаме занемарено куќичките на село. Обично станува збор за куќи што не се погодни за живот или за празни ниви каде што одиме еднаш годишно.

За да можете максимално да уживате во парчето земја на село, ви предлагаме да го примените американскиот принцип на живот во мали куќички.

Овие куќички се прават од транспортни контејнери, но можат да се направат и од цигли. Кога ќе го ископате темелот и ќе почнете со изградба, важно е имате едно нешто на ум: за среќа потребно е малку.

Немојте да се заборавите, па повторно да се впуштите во голем проект на куќа со неколку соби. Доволно е да имате викендичка на село со една спална соба, со дневен престој, кујна и бања.

Сè друго е вишок.

Како пример, ви ја претставуваме куќата на една американска двојка, која своето парче рај го направила од контејнери, со цел да живеат без хипотеки, кредити и големи трошоци.

Погледнете како изгледа нивниот дом во видеото во продолжение…

Купиле монтажна куќа за стариот семеен плац: За 28.000 евра направиле луксузен дом за одмор!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.