Купиле монтажна куќа за стариот семеен плац: За 28.000 евра направиле луксузен дом за одмор!

Рај на земјата

Брачна двојка купила монтажна куќа, која ја поставила на својот стар семеен плац

Во 2019 година, Ник купил монтажна куќичка која ја опремувал во наредните 18 месеци и за 28.000 евра добил дом од соништата.

Тој нарачал монтажна куќа без внатрешни изработки, која ја поставил на бетонски столбови. Потоа, на плацот донел струја и вода, кои ги спровел во куќата. Откако ги обезбедил основите, го опремил својот мал дом и така го претворил во луксузна куќа за одмор.

Сега семејството редовно доаѓа на стариот плац и ужива во природата секој слободен ден.

„Го поминав одморот во оваа куќичка со сопругата, двете деца тинејџери и кучето. Беше малку тесно, но изводливо. Овде комотно може да собере двајца луѓе, можеби и две мали деца, важно е што куќичката е во природа, па просторот го добивате надвор“, рекол Ник.

Погледнете како изгледа внатрешноста на нивната монтажна куќичка…

Пензионери ги фрлиле сите непотребни работи, па купиле мала куќичка: Сега живеат во 30 квадрата на езеро!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.