Вики Димчевска: „Мојата сопствена одлука за успех е поважна од секоја друга“

Менаџерка за маркетинг, продажба и презентација во градежниот сектор во Македонија.

Кога жените работат, економијата расте, тоа го докажува Вики Димчевска, менаџер за маркетинг, продажба и презентација во градежниот сектор, која ви го претставува најновиот проект во 2024/2025 година PRO Building & GT Construction.

Јас, со многу работење на мојата самопочит и на мојата самоконтрола, со многу љубов, упорност и 100 % посветеност на работата во овие 17 години работен стаж, станав успешна жена на три работни позиции:

Менаџер за маркетинг, продажба и презентација во градежниот сектор на Македонија.

Амбасадор за човекови права и хуманитарни активности во Македонија.

Промотор на 100% органски производи во Македонија.

БАРАТЕ СТАН? Квалитетот не е чин, тој е навика. Успехот е пат, а не крајна дестинација.

Станбен објект приземје + 4 ката + поткровје

Станови од 31 м2 гарсониери, 43 м2, 49 м2, 50 м2 (со една спална соба), 68 м2, 73м2 (со две спални соби)

Купете стан на убава локација, со врвни услови и цени.

Стратешки позициониран во делот кај трговскиот центар ГОДИ – Тинекс

Купувачите ќе станат дел од новиот луксуз и модерно домување, а ќе се стекнат со наследство што ќе вреди со генерации. Зградата ќе го претвори вашиот секојдневен живот во удобна рутина.

Донесете одлука за живеење во квалитет, без да правите никакви компромиси.

Висок квалитет на материјали и убава локација.

– естетски дизајн

– квалитет и издржливост

– еколошка и енергетска исплатливост

– пристапна цена и заштеда

Вики Димчевска советува на што треба да внимаваат купувачите на недвижен имот кога купуваат стан во изградба:

Станот треба да биде удобен со позитивна атмосфера, хармонија, насмеани лица и убави семејни моменти.

  1. ЛОКАЦИЈА

Локацијата на станот е најважна, и затоа секогаш земете ги во предвид идните потенцијални околни локации за градење, кои наеднаш може да го попречат погледот на станот и природното осветлување.

  1. КВАЛИТЕТ НА ГРАДБА

Не секогаш купувањето на нов стан значи и квалитет.

Обрнете внимание на квалитетот на градба, материјалите и вградената опрема. Препорачливо е да се консултирате со професионално лице, и секако проверете го угледот на градителот.

  1. ПРАВНИ И ФИНАНСИСКИ ПРАШАЊА

Клучно е разбирање на договорот, особено во делот на рокови на изградба, предавање и вселување во станот.

Не пропуштајте да ги прочитате сите подточки.

  1. РАСПОРЕД И ФУНКЦИОНАЛНОСТ НА СТАНОТ

Не секогаш нацртаниот план е реален. Често пати има ситуации кога нема место за стандардна трпезариска маса или функционална спална соба. Па така, особено е важно да се консултирате со архитект и да се уверите во функционалноста на станот.

Направете паметен потег, контактирајте нè за да ви помогнеме да го одберете вистинскиот стан за ВАС!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.