Зошто се нарекува бела техника? Овој израз го користиме секојдневно, а малкумина знаат од каде потекнува 

Повеќето експерти ги делат домашните апарати во три категории – мали, главни и електроника со широка потрошувачка.

Главните уреди се оние што обично ги нарекуваме бела техника. Тоа се машини за миење садови, машини за перење алишта, замрзнувачи, фрижидери, фурни и шпорети… всушност апаратите без кои не би можеле да го замислиме модерниот живот.

Зошто овие уреди се нарекуваат и бела техника?

Одговорот е многу едноставен – затоа што во минатото можеа да се купат само во бела боја. Имено, овие апарати обично биле обоени или емајлирани во бело, веројатно затоа што нечистотијата најдобро се гледа на таа боја.

Иако повеќето од овие уреди сега можат да се купат во која било друга боја, името остана.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.