Март е идеален месец за да се промениме и себеси и домот

Кога зборуваме за почетоци, тогаш секогаш се поврзуваме со пролетта како годишно време во кое се започнува: сонцето нѐ гали, природата се буди, а љубовта е насекаде околу нас. Тогаш осамените веќе не се нарекуваат така, а ние носиме одлуки со кои сакаме да направиме убави промени во нашата околина.

Затоа и оваа пролет, која само што не почнала, може да биде одличен тригер за промена што ќе направи сериозен исчекор кон подобро.

Сѐ почнува од дневната соба

Најдобро е да започнете со промени во дневната соба затоа што таму го поминуваме најголемиот дел од денот. А таму е најважна удобноста – треба да ви е удобно кога седите, кога подлегнувате на попладневна дремка, кога се собирате со пријателите или семејството. Затоа е важно да ја имате најудобната гарнитура за седење што можете да ја најдете на пазарот.

Одлучивте ли да спиете спокојно?

Во нашата приказна никогаш не треба да се заборави ни добриот сон кој е основа на се – ако не сме добро наспани, тогаш ни денот не ни е како што треба, нели? Сите го имаме тоа искуство и за да го избегнеме, најдобро е да се одлучиме на кревети што ќе бидат вистинска поткрепа на добриот и мирен сон.

Одлучете се за детокс  

Пролетта е вистинско време да се направи детокс на организмот – исчистете го од сите токсини кои се насобрале во текот на зимата подготвувајќи вкусни и здрави оброци во вашата кујна. Затоа е мудро да одберете кујна во која ќе ги имате на дофат на рака сите потребни состојки (овошје, зеленчук), а притоа се ќе биде под идеален ред.

Уживајте во домот

Пролет е и сè повеќе престојуваме надвор, во дворовите или на нашите тераси. А тоа значи дека треба да обрнеме малку повеќе внимание при нивното уредување затоа што крајниот исход од тоа ќе биде – уште поубаво чувство. Нашите одбрани парчиња градинарски мебел се изработени од материјали кои ги издржуваат надворешните влијанија (сонце, дожд, ветер), а згора на сè, нивните бои се толку живописни, што изгледаат како да се природен дел од градината.

Проверете ја понудата на квалитетниот хрватски мебел Прима во сите салони низ Македонија.

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.