Додека Јована и Жељко уживаат во вила вредна 3 милиони, ќерката од неговиот прв брак живее ТУКА! (ФОТО)

Најстарата наследничка на славниот кантавтор живее во модерен стан во српската престолнина.

Мина Јоксимовиќ, ќерката на Жељко Јоксимовиќ, пред неколку години се досели во Белград поради студиите. А, за тоа време била сместена во вилата на нејзиниот татко на Дедиње, за која се зборува дека вреди околу 3 милиони евра. Но, по неколку години, Мина увиде дека ѝ е потребна слобода и посака да има свој дом.

Земајќи предвид дека секогаш ѝ ги исполнува сите желби на својатагаленица, Жељко Јоксимовиќ ѝ купи стан во срцето на Белград, а Мина и нејзината мајка Весна напорно работеа да го опремат.

Станот на Мина Јоксимовиќ е уреден со комбинација на рустикален и модерен мебел. Преовладува белата боја, но и беж и црвена боја, кои особено ѝ се допаѓаат на ќерката на хитмејкерот.

Спалната соба е украсена со кревет со темноцрвена постелнина и бела рустикална полица. На ѕидовите има 3Д-тапети, а судејќи според прозорците би рекле дека станот на Мина е на последниот кат од зградата.

Бањата е поплочена со интересни бисерни плочки, а украсена е и со голем мијалник и када со џакузи во која студентката ужива да се релаксира по напорниот ден.

Станот на Мина Јоксимовиќ секако е место каде што таа ги собира колегите од факултетот, пријателите, семејството, како и помладиот брат и сестрите близначки.

Она што дополнително го краси катчето на Мина е прекрасниот поглед од балконот, со кој таа своевремено се пофали.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.