Сите гледале во ќерката на Анџелина Џоли: Актерката вели дека Вивиен личи на мајка ѝ, но сите го коментираат ОВА!

Анџелина Џоли и ќерка ѝ на црвениот килим

Анџелина Џоли се појавила на црвениот килим во Бродвеј во придружба на својата ќерка Вивиен, но сите гледале само во 15-годишното девојче

По подолг период, Анџелина Џоли (48) се појавила на црвениот килим на промоцијата на мјузикл, но овој пат во придружба на ќерка ѝ Вивиен, нејзиното второ биолошко дете што го добила со Бред Пит.

За оваа пригода Анџелина облекла златен свилен фустан, кој само се наѕирал под бакарната наметка која го покривала целото нејзино тело.

Актерката последниве години претпазливо ја крие својата силуета што дополнително ги поткрепува приказните дека се бори со анорексија.

Сепак, она што можело да се види е дека ја бојосала косата руса, што сосема ѝ го изменило нејзиниот лик.

На црвениот килим друштво ѝ правела ќерка ѝ Вивиен, која и самата била дел од проектот за овој мјузикл. Инаку, познато е дека Вивиен е вработена во тимот на Анџелина Џоли, а девојчето го оправдало тоа така што на црвениот килим се појавила облечено во вид на работнички комбинезон, без шминка и во лежерно издание.

„Ме потсетува на мајка ми, бидејќи не се стреми кон тоа да биде во центарот на вниманието, туку им служи како поддршка на креативците“, рекла Анџелина за својата ќерка Вивиен.

„Таа е многу промислена и сериозна кога станува збор за театарот и напорно работи за најдобро да разбере како да даде свој придонес.“

Оваа соопштение предизвика различни мислења, додека многумина сметаат дека Вивиен на свој начин се бори да се истакне и да си го најде своето место во куќа полна со актери, танчари и големи таленти.

Лево: мајката на Анџелина Џоли

Ова појавување на мајката и ќерката се случува по низата нови информации за разводот на Бред Пит и актерката, според кои актерот со години ја злоупотребувал Анџелина, но капката што ја прелила чашата било тоа што почнал да ги злоупотребува и децата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.