Славната супермоделка прекуноќ се претворила во болна и напатена жена: Додека светот ја сожалува, таа најде начин да се излечи!

Како изгледа Бела Хадид сега?

Манекенката прави сè што може за да си го врати својот изглед и да се врати на модната сцена што побрзо

Како последица на Лајмската болест со која била дијагностицирана манекенката Бела Хадид, таа одлучила да направи пауза од својата блескава кариера, за да се посвети на закрепнувањето.

Манекенката почна полека да се враќа во јавноста така што стана поактивна на социјалните мрежи, како што е ТикТок, и со главниот проект: позирање за насловна страница на италијанскиот „Вог“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pop Faction (@popfaction)

Таа на ТикТок, освен детали за својот живот, почнала да ја споделува и својата рутина за разубавување и нега.

Многумина коментирале дека претерува, но веројатно за да ја истакнат нејзината природна убавина и да ѝ укажат дека тоа што ѝ се случило не треба да влијае врз нејзиниот морал.

Пред неколку месеци, Бела Хадид објави фотографии од процесот на лекување од болеста со којашто интензивно се бори од 2021 година. Може да се види дека користела инфузија и дека изгледала исцрпено и бледо. Манекенката останала дури и без заби како последица на болеста. Таа тогаш рекла дека болеста ѝ ги напаѓа „забите, вилицата, мозокот, половината, коските и целиот нервен систем.“

„Секоја помала траума, без разлика дали е физичка или психичка, може да ја влоши болеста. Мојата вилица се воспалува кога сум под стрес или кога премногу работам. Некои денови се во ред, но некои денови се тешки. Сега вилицата неподносливо ме боли. Утре ќе го извадам овој заб“, вака раскажувала манекенката за својата болест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)


Нејзините фотографии ја растажија јавноста. Нејзината сестра Џиџи Хадид и мајка ѝ Јоланда Хадид, постојано биле покрај неа за да ја следат нејзината состојба и да се грижат за неа.

Бела постепено закрепнува и дава знаци дека сè ќе биде во ред како порано. Таа сега се преселила во Тексас каде што живее и поминува време со својот партнер, професионалниот јавач Адан Бануелс.

На фотографиите се гледа дека е среќна што поминува време со коњите, во друштво на својот партнер Адан. Врската со Адан многу ѝ помогнала да се избори со депресијата и со лошото расположение што ги имала поради болеста. Тоа ѝ дало утеха, спас и чувство на среќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

Историјата на нејзината болест започнува уште од 2014 година, кога исто така се соочувала со овие проблеми.

„Малата јас, којашто толку многу страдаше, би била горда на возрасната јас, бидејќи никогаш не се откажав од себе“, порачала таа преку објава на Инстаграм.

Се надеваме дека наскоро ќе имаме можност повторно да ја видиме Бела на светските модни писти!

Познатата манекенка СЕ КАЧИ НА КОЊ и предизвика лавина од критики: „Се прашуваш ли како му е на кутрото животно?!“, сето тоа поради ОВАА ФОТОГРАФИЈА
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.