Започна натпреварот во разголување: Градник не доаѓа предвид, а јавниот приказ на меѓуножјето носи најмногу поени!

Ким Кардашијан почнала да ја копира Бјанка

Познатите личности не престануваат да шокираат со своите разголени изданија

Се чини дека Ким Кардашијан почнала да го копира разголениот изглед на сопругата на нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест, Бјанка Цензори.

На новото видео што го објавила на Инстаграм, ријалити ѕвездата го покажала својот богат имот, додека носела нуд хулахопки на „Баленсијага“ и бунда без градник, исто како и Бјанка пред извесно време.

По нејзиното раскинување со НФЛ играчот Одел Бекам, Кардашијан изгледа сака да му покаже што изгубил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)


Таа напишала и дрзок натпис под фотографијата, ставајќи само самјли со насмевка и очила за сонце, со што сакала да алудира само на една личност.

Обожавателите во коментарите отворено го споредиле нејзиниот разголен изглед со австралиската архитектка.

„Бјанка дали си ти ова?“, „Кој кого копира? Изгубен сум во моментов“, гласеле некои од коментарите.

Видеото се појави откако Ким раскинала со својот партнер Одел по шест месеци прилично тајна врска.

ТВ-лицето Кардашијан и рагбистот (31) првпат биле романтично поврзани минатата пролет, а нивната врска стана официјална во септември 2023 година.

Нивната врска заврши веднаш по годинешното доделување „оскари“, кога последен пат биле видени заедно.

Крај на романсата: Ким Кардашијан раскина со Бекам!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.